Милијардер осуден на 24 години затвор за нелегално проширување на голф теренот

Сподели со своите пријатели

Тајландски суд осуди локален милијардер на 24 години затвор за проширување на својот луксузен голф-центар на штета на природен резерват, објавија локалните медиуми.

Loading...

Тајкунот на металите Прајуд Махагицири беше обвинет во 2021 година од страна на антикорупциските обвинители за поткуп на службени лица за да добие имотни листови за проширување на неговиот голф-центар и резиденција во Маунтин Крик.

Ова одморалиште вклучува голф терен со 27 дупки, распослан на површина од 360 хектари во покраината Након Ратчасима, североисточно од Бангкок.

Судот заклучи дека проширувањето било нелегално бидејќи 30-те хектари додадени на проектот биле во заштитени подрачја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Eкстремно десничарскиот криминал во Германија се зголемил за речиси 50 проценти

Централниот кривичен суд за корупција и проневера го прогласи 79-годишниот Прајуд за виновен по неколку обвиненија, вклучувајќи поткуп и нелегален влез во туѓ имот.

Тој беше осуден на 24 години затвор, заедно со уште 10 обвинети, вклучувајќи ја и неговата ќерка, која доби 12 години затвор.

Претприемачот од индустријата за челик и кафе, чие богатство според „Форбс“ се проценува на 2,6 милијарди долари, планира да поднесе жалба.

Според „Форбс“, во 2024 година тој бил десеттиот најбогат човек во Тајланд.

Loading...

Голфот е една од главните туристички атракции во Тајланд, но екологистите често го критикуваат овој спорт бидејќи ги претвора огромните пространства на природата во зелени површини кои бараат интензивно наводнување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Боливија: Спречена новата кандидатура на Моралес