Милановиќ: Смешно е на Украина да ѝ се даде статус на земја кандидат за ЕУ

Сподели со своите пријатели

Украина не е сојузник на ЕУ и затоа е смешно да ѝ се додели статус на земја кандидат за членство во ЕУ, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на церемонијата во Загреб посветена на годишнината од Хрватската воена академија.

Loading...

„Украина не е сојузник, но тие се обидуваат да ги направат сојузник. Смешно е што ѝ се доделува кандидатски статус за членство во ЕУ. Тоа е страшна шега. Кутрата Босна и Херцеговина мораше да чека, што е страшно понижување. Денес ова е европски сојуз, но несреќен“, изјави Милановиќ за загрепски „Јутарњи лист“, пренесува ТАСС.

Милановиќ оцени дека конфликтот во Украина „бил неизбежен“.

„Целата западна и американска филозофија на војна е да се нападне некој многу послаб и да се пие неговата крв, да се скрши и уништи неговата земја“, рече хрватскиот претседател и оцени дека Русија и САД намерно влегле во овој конфликт, пренесува Танјуг.

„Ова е американска војна, водена на сметка на Украинците, но со американски пари“, смета хрватскиот претседател.

Милановиќ укажа и на катастрофалната борбена готовност на Хрватска, нагласувајќи дека неговата земја била принудена да ѝ го предаде целосното вооружување на Украина.

„Ако Американците сакаат да нѐ бранат како што ја бранат Украина, јас сум загрижен за борбената готовност на пешадијата во случај на криза, бидејќи пешадијата е сè“, рече претседателот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...