Мила и Марко победија над 30.000 ученици од Европа на натпревар по англиски јазик (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во конкуренција од над 30.000 ученици од цела Европа кумановските гимназијалци Мила Смилевска и Марко Спасовски освоија трето и четврто место на натпреварот по англиски јазик „ХИПО“.

Loading...

Во Лидо ди Јесоло, Италија,  Мила и Марко учествуваа во квалификациите за финале од натпреварувањето во силна конкуренција од цела Европа и беа единствени претставници на Македонија.

 

 

Под менторство на наставничките Александра Маневска и Елена Марковска, двајцата ученици првин ја минаа квалификационата рунда, а потоа и полуфиналната на државно ниво, како најдобри ја претставуваа Македонија во Италија.

– Вреди да се напомене дека оваа година на европско ниво беа пријавено околу 30.000 натпреварувачи и од тие 30.000 натпреварувачи нашите ученици освоија 3.то и 4то место. Натреварот е од комбиниран карактер, едниот дел е толкување, односно текстови кои имаат задачи да се решат, а вториот дел е употреба на англискиот односно оној граматичкиот дел каде треба да се истакне познавањето на граматиката, вели наставничката Маневска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

Loading...

 

За Мила Смилевска ова е второ учество на овој натпревар, но прв пат како средношколка.

– Ова е ми е втор пат да учествувам на европско ниво. Во 2021 година добив прво место, а сега сум многу задоволна од третото место. Се надевам дека во иднина ќе можам да продолжам со ваквите успеси. Може да се каже дека делот со граматика може да биде поконфузен, бидејќи се вклучува многу поголем вокабулар и е на повисоко ниво, за разлика од претходните години, вели Смилевска.

 

 

За ученикот од втора година, Марко Спасовски ова е прво учество на меѓународно ниво и вели дека следната година ќе атакува на уште подобар пласман.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

– вежбавме доста со професорката пред натпреварот. Со успехот не сум многу задоволен, бидејќи знаев дека можев подобро. Ова ми е прво учество на натпревар на меѓународно ниво. Пред натпреварот неколку недели вежбавме граматика и се од англискиот јазик. Ќе работиме многу повеќе и следната година ќе освоиме и повисок пласман, вели Спасовски.

 

 

„Хипо“ (HIPPO English language Olympiad) е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји.

Никола Ивановски