Мицкоски: Животната средина е наш приоритет, се реализираат проектите за пречистителните станици во Битола и скопската, ќе отпочне и проектот за Тетово за која се предвидени 680 милиони денари

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, каков вид на проекти се предвидува со одлуката за проектите за капитални инвестиции за општините од сегментот на Министерството за животна средина и просторно планирање, бидејќи дел од обвинувањата се дека оваа област е запоставена, информираше дека Владата инвестира во проекти коишто дел се за заштитата на животната средина.

Loading...

Почнуваат да се реализираат проектите за пречистителните станици во Битола и скопската, а се очекува да отпочне и проектот за пречистителната станица во Тетово, за што се предвидени 680 милиони денари.

„ Да има, има и такви проекти. Се разбираат животната средина е наш приоритет и многу се вложува тука се работи на тоа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Има некаде околу 700 мислам дека е околу 680 милиони денари најточно, проекти коишто се дел од заштитата на животната средина и продолжуваме понатаму да инвестираме во животната средина во оние програми коишто веќе ги имаме од минатото.

Добив информација дека почнува проектот постепено да се реализира за пречистителната станица во Битола. Слично нешто очекувам и за Тетово, скопската гледам почнува да се задвижува итн. сега сакам да кажам дека апсолутно ни се приоритет тие проекти“, изјави премиерот Мицкоски.