Метеопро: Каков циклон Димитар, каков потоп, какви 400 литри дожд?

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден се појавија чудни имиња на циклони, најави за „потоп“ и 400 литри дожд на Балканот за време на претстојниот викенд, и истите беа проследени на поголем број на електронските медиуми, реагира во својот натпис порталот Метеопро.

Loading...

Според порталот кој се занимава со временска прогноза, контра вчерашните тврдења за т.н циклон Димитар, на Балканот воопшто не се очекува 400 литри дожд на м/2,  а најавениот медитерански циклон е само обичен нормален циклон кој не треба да создава страв од поплави и потоп.

Како што тврди Метеопро, во Македонија се очекува околу 50 l/m² наврнат дожд во текот на сабота и недела.

Дождот повремено, особено во ноќта сабота кон недела, ќе има локален пороен карактер. Оваа ситуација не е засега проблематична, особено ако се земе во предвид дека летото беше сушно и дека почвата има капацитет да прими количина на вода.

Втор битен момент е што очекуваните количини на дожд се за период од 36 часа. Тоа е олеснителна околност бидејќи нема да има нагло полнење на планинските текови. Помали излевања на планинските водотеци не се исклучени, но оваа нема да влијае на големите водотеци во земјава. Од целата состојба може позитивно да биде што ќе се наполнат акумулациите, па ќе можеме да имаме домашна струја добиена на „еко“ начин.

Во објавата на Метеопро се вели дека само  УХМР е онаа која што е авторитетот која во државава издава вонредни метеоролошки прогнози.