Мета најави уште 10.000 откази

Сподели со своите пријатели

Втората половина од минатата година беше одбележана со отпуштања во бројни технолошки компании.

Loading...

По масовните вработувања за време на пандемијата, ситуацијата за кратко време се промени и наместо да отворат голем број работни места, компаниите почнаа да ги затвораат тие работни места.

Во некои случаи, како што објасни извршниот директор на C3.ai, Томас Зибел во интервју за Insider оваа недела, некои компании вработувале луѓе иако немало доволно работа за нив, само за да не бидат преземени од конкурентски компании.

Сепак, ситуацијата сега се менува. И радикално.

Најдобар пример за тоа е Мета, која по години масовно регрутирање и големи инвестиции во проекти кои сигурно нема да бидат ни приближно профитабилни, како што е метаверс, на крајот на минатата година отпушти повеќе од 11 илјади луѓе.

Марк Цукерберг ја презеде одговорноста и вината за таа ситуација, а потоа најави дека 2023 година ќе биде година на ефикасност, што се однесува на максимизирање на приходите и намалување на трошоците.

Откази и во секторот за вработување

Ова намалување на трошоците значи и нови отпуштања, а повторно зборуваме за петцифрени бројки.

Откако на крајот на минатата година беа отпуштени околу 11.000 вработени, оваа недела Мета објави дека планира да отпушти уште 10.000 луѓе. Ќе го стопира и планираното вработување.

Loading...

Вработените во Мета ќе дознаат повеќе детали во наредниот период, кога менаџерите на секторите ќе ги објават плановите за реструктуирање кои покрај новите отпуштања вклучуваат и откажување на помалку приоритетни проекти, а интересно е што Цукерберг најави дека дури планира да го намали бројот на вработени во секторот за вработување.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.