Мерцедес ја напушти Русија

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет месеци по рускиот напад на Украина, германскиот „Мерцедес“ целосно се повлече од рускиот пазар, објави во вторникот автомобилскиот гигант.

Loading...

Концернот потврди дека во април ги продал своите руски операции на домашниот „Автодом“, со потребните дозволи и ги исполнил договорните обврски.

Детали за трансакцијата не се откриени.

Извозот во Русија беше прекинат минатата година

Набргу по рускиот напад на Украина, „Мерцедес“ го прекина извозот во Русија и домашното производство.

Во септември финансискиот директор на концернот Харалд Вилхелм (Вилхелм) објави продажба на преостанатите акции во таа земја.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.