Германскиот производител на луксузни автомобили Мерцедес-Бенц денеска официјално ги отвори работите за изградба на објект за рециклирање батерии во Купенхајм на југот на Германија.
Пилот фабриката ќе има годишен капацитет од 2.500 тони и ќе обезбедува материјал за производство на повеќе од 50.000 батериски модули за новите електрични возила на Mercedes-Benz.
Компанијата ќе рециклира батерии од тест возила и акумулатори и би можела да го зголеми обемот на производство на среден и долг рок, во зависност од успехот на пилот-проектот.
„Испраќаме важен сигнал до Германија во областа на одржлива електромобилност“
Првата фаза од работите на централата треба да започне во декември, а се очекува да заврши неколку месеци подоцна, во зависност од преговорите со државата.
Фабриката во Купенхајм веќе обезбеди електрична енергија од обновливи извори, а нејзината изградба е финансирана како дел од научно-истражувачкиот проект на германското Министерство за економија и заштита на климата.
„Испраќаме важен знак на иновативна сила во Баден-Виртемберг и Германија на полето на одржлива електромобилност“, рече членот на Управниот одбор на Mercedes-Benz за управување со производство и снабдувачки синџири, Јорг Бурцер.
Министерката за животна средина, клима и енергија во Баден-Виртемберг Текла Вокер рече дека и е драго што Mercedes-Benz ја промовира темата на кружната економија.
„Ова е исклучително важно, со оглед на ограничената достапност на важни и барани суровини, како што се литиум, кобалт и никел“, додаде Вокер.