Мелони: Украинската контраофанзива не промени ништо

Сподели со своите пријатели

Руските шегобијци Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус), познати по вешто извлекувањето доверливи информации од водечките политичари ширум светот, ѝ се јавиле на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која призна дека многумина се уморни од украинскиот конфликт.

Loading...

„Ако сакаме да ја кажеме вистината, тогаш можеби сме блиску до точката кога сите ќе сфатат дека ни треба излез. Да, проблемот е да се најде решение кое би било прифатливо за двете страни, без да се прекрши меѓународното право“, рече Мелони во разговор со шегобијците кои се претставија како висок африкански функционер во разговорот е објавен на нивниот канал на Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Таа призна дека „има некои идеи“ за тоа како би можела да се реши ситуацијата, но го чека вистинскиот момент да ги претстави.

„Контраофанзивата на Украина можеби нема да оди како што очекуваа. Тоа е во тек, но во суштина ништо не е сменето. Мислам на судбината на конфликтот“, истакна Мелони.

Како што додаде таа, сите разбираат дека конфликтот може да трае со години доколку не се најде решение.

Прашањето е кое решение е прифатливо за двете страни, без да се започнат други конфликти“, заклучи премиерот на Италија.

Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека за време на контраофанзивата која трае од јуни, украинската армија изгубила стотици тенкови, околу една и пол илјади оклопни возила и претрпела сериозни загуби во персоналот, пренесува Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...