Мексико: Убиени најмалку 18 луѓе, меѓу кои и градоначалник

Сподели со своите пријатели

Вооружени напаѓачи го убија градоначалникот на југозападниот мексикански град Сан Мигел Тотолапан и уште најмалку 17 други, потврдија официјални лица.

Loading...

Полицијата соопшти дека вооружени напаѓачи упаднале во градското собрание во Сан Мигел Тотолапан во средата во 14 часот по локално време, јавува Би-Би-Си.

Партијата на градоначалникот Конрад Мендоза Алмеда, ПРД, го осуди неговото „кукавичко“ убиство и побара одговорните за овој чин да бидат казнети.

Криминалната група Лос Текилерос беше обвинета за нападот.

Меѓу загинатите во овој напад има полицајци и општински службеници.

Таткото на градоначалникот Мендоза Алмеда, поранешниот градоначалник Хуан Мендоза Акоста, исто така беше убиен – во неговиот дом – пред напаѓачите да влезат во градското собрание.

Дури и за државата Гереро, која долго време беше сцена на најлошото насилство во Мексико, ова беше шокантен напад, јавува дописникот на Би-Би-Си од Мексико, Вил Грант.

Градот Сан Мигел Тотолапан се наоѓа во срцето на регионот познат како Тиера Калиенте, насилен дел од западно Мексико контролиран од нарко картелите.

Loading...

Различни групи се борат за контрола на профитабилните патишта за дрога на север долж пацифичкиот коридор.

Во прелиминарниот извештај до кој имаа увид локалните медиуми, државниот обвинител на оваа сојузна држава соопшти дека покрај 18 загинати, ранети се уште тројца.