Мексико: 200.000 луѓе на протест против изборни реформи

Сподели со своите пријатели

Околу 200.000 луѓе се собраа во неделата на главниот булевар во Мексико Сити за да протестираат против предлогот на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор за реорганизација на изборната власт во земјата.

Loading...

Ова се најголемите демонстрации против Обрадор во последните речиси четири години откако тој е на функцијата, објави денеска АП.

Присуството на голем број луѓе на протестот го демантираше тврдењето на Обрадор дека критиките доаѓаат само од релативно мала, елитна опозиција, објави американската агенција.

Опозициските партии и граѓанските организации ги повикаа Мексиканците да демонстрираат во главниот град и во другите градови против предложените изборни реформи кои ќе го променат Националниот изборен институт, една од најпочитуваните институции во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Критичарите оценуваат дека реформите на Националниот изборен институт би ја загрозиле неговата независност и дека на тој начин би се политизирал.

Иницијативата вклучува елиминирање на изборните канцеларии на државно ниво, намалување на јавното финансирање на политичките партии и дозволување членовите на изборната власт да бидат избирани од јавноста, а не од долниот дом на Конгресот.

Според предлогот на Обрадор, бројот на пратеници во Долниот дом на Конгресот би се намалил од 500 на 300, а сенаторите од 128 на 96, а тие нема да бидат директно избрани од гласачите, туку би се појавувале на партиските листи и би добивале пратенички места врз основа на пропорцијата на гласовите на нивната партија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Се очекува предлогот да се расправа и на Мексиканскиот конгрес во наредните недели, каде најмногу пратеници имаат партијата на претседателот Обрадор – Морено и коалициските партии, но потребна е и поддршка од опозицијата за предлогот да биде изгласан на, објави АП.

Loading...