Мексиканец бил лут оти го исфрлиле од барот. Го запалил, загинаа 11 лица!

Сподели со своите пријатели

Мексиканските власти соопштија дека уапсиле маж осомничен дека намерно подметнал пожар во барот во мексиканската држава Сонора во кој загинаа 11 лица.

Loading...

Пожарот избувнал во 01:33 часот во саботата во бар во Сан Луис Рио Колорадо, во близина на границата со САД, пишува Си-Ен-Ен.

Меѓу жртвите има и 17-годишно момче и американски државјанин, изјави на прес-конференција Густаво Ромуло Салас Чавез, државниот правобранител на Сонора, додавајќи дека се обидуваат да утврдат дали починатата Американка имала и мексиканско државјанство.

Бил лут затоа што бил исфрлен

Надлежните изјавија дека осомничениот бил во тешка алкохолизирана состојба кога го подметнал пожарот, а на вратата од локалот фрлил запален предмет откако обезбедувањето го исфрлило од шанкот.

Сведоците наведуваат дека осомничениот бил исфрлен од кафеана затоа што се однесувал непристојно кон жените“, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителството наведува и дека мажот фрлил нешто слично на молотов коктел во барот и дека тоа го предизвикало пожарот.

Покрај 11-те загинати, во пожарот се повредени и најмалку шест лица.

Едно лице се уште е во болница, две се отпуштени, додека три се префрлени на лекување во американските болници.

Loading...