Меѓународниот семинар за аикидо посетен од над стотина учесници (видео)

Сподели со своите пријатели

Во спортската сала на СОУ ”Перо Наков”, денес беше отворен дводневен Меѓународен семинар за аикидо, организиран по повод 10 – годишниот јубилеј на аикидо клубот ”Агатсу” од Куманово, во соработка со Општинскиот Сојуз на спортови.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”7″]

Меѓународниот семинар го отвори градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, кој на гостите од Република Србија и Кралство Шведска им посака топло добредојде.

 

Денес славиме 10 години откако во 2005 година го отворивме нашиот клуб, вели Иван Скрчевски, трети дан аикидо мајстор и еден од сопствениците на клубот ”Агатсу” од Куманово.

– По повод нашиот јубилеј, организиравме дводневен семинар. Денес, на првиот ден од семинарот ќе учествуваат околу 100 – тина учесници од Србија и Шведска, вели Скрчевски.

Loading...

 

Велибор Весовиќ, 6. дан, аикикаи, инаку  претседател на Српската аикидо федерација вели дека е презадоволен од организацијата на денешниот семинар.

– Денес дојдоа и клубови од остатокот на Македонија, и ова е добра прилика, денес да вежбаме заедно, вели Весовиќ.

 

Ова е голем хепенинг, вели Саша Исаковиќ од аикидо клуб од Шведска, инаку касуми аикикаи мајстор.

– Драго ни е што сме денес овде, за да можеме да го презентираме шведското аикидо, вели Исаковиќ.

 

Дводневниот Меѓународен семинар за аикидо ќе биде под водство на сите учители кои до сега имаат придонесено во развојот на Аикидо Клуб ”Агатсу” од Куманово. Отворањето на семинарот започна со презентација на Iaido од страна на Zen Kendo Dojo “YOSHIN” од Скопје и Сенсеи Златко Кесковски.

Loading...

По двочасовните тренинзи, учесниците на семинарот ќе полагаа за Shodan, соопштија организаторите.

Leave a Reply