Медведев: Трамп сигурно ќе победи, само ако не биде убиен

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сигурно ќе победи на изборите, само ако не биде убиен.

Loading...

„Тој сигурно ќе победи. Само ако не биде убиен“, напиша Медведев на својот профил на социјалната мрежа Х и прикачи слика од Трамп, кога тој беше формално уапсен во август 2023 година.

На 13 јули, Трамп преживеа обид за атентат за време на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, при што беше ранет.

Се здобил со полесна повреда, куршум му го пробил десното уво.

Во престрелката едно лице е убиено, а две се ранети. Атентаторот беше убиен од офицери на американската тајна служба, која е посебно задолжена за заштита на највисоките државни службеници.

ФБИ го истражува пукањето на митингот на Трамп како можен терористички напад.