Медведев: Соборувањето на авионот е резултат на борбата на неонацистичките елити во Киев

Сподели со своите пријатели

Дмитриј Медведев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, на Телеграм го коментираше вчерашното уривање на транспортен авион во Русија.

Loading...

За потсетување, Русија тврди дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, кои требало да бидат разменети.

Украина индиректно потврди дека го соборила авионот.

Сепак, засега нема докази дека во рускиот воен авион всушност имало украински воени затвореници.

Медведев за „неонацистичките елити“

„Приказната за уништувањето на авионот Ил-76 е резултат на внатрешно-политичката борба на неонацистичките елити во Киев“, изјави Медведев, додавајќи дека руските пилоти кои загинале биле „херои“ и дека украинските семејства „останаа без затворениците од Русија“.

„Ќе се влоши само: за да ја задржат власта, тие ќе ги убиваат своите воени лица и воени заробеници без никаков проблем“, обвинува Медведев понатаму, додавајќи:

„Тие безмилосно ќе ги бомбардираат нивните градови и села, уништувајќи ги нивните домови и палејќи ги нивните стари луѓе и деца“.

„На крајот на краиштата, главната работа во играта се моќта и парите“, заклучи тој.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.