Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека мотото на Руската Федерација за 2022 година е „нема да ги оставиме нашите сами“.
Тој рече дека Русија „нашироко ги отвори вратите на својата татковина за сите свои браќа и сестри“, пренесува Спутник.
Медведев истакна дека 2022 година беше драматична, но претставуваше и пресвртница, бидејќи Русија „веќе не можеше да го гледа геноцидот што го спроведува украинскиот режим“, пренесува Танјуг.
„За целата наша земја и секој од нас годината беше ужасно тешка и драматична. Не можевме повеќе да гледаме како режимот во Киев пука врз граѓаните на Донбас, гради блокади и негува омраза кон Русија и сè што е руско“, рече Медведев.
Тој додаде дека руските власти секогаш ќе ги штитат правата и слободите на руските граѓани и дека Русија сега стана посилна, „бидејќи сите Руси сега се заедно“.
Медведев заклучи дека непријателите на Русија ќе се обидат да ја „скршат и потчинат“, но дека никој нема да успее во тоа, како и дека „ќе се остварат целите на специјалната воена операција“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.