Медиумите јавуваат за судир на полицијата и демонстрантите

Сподели со своите пријатели

По објавување на прислушкуваните разговори во врска со убиството на Мартин Нешкоски од страна на СДСМ и повик за протест пред Владата во 18 часот, неколку стотини граѓани се собраа пред вратите на Владата, која е блокирана од кордон на СЕБР.

10417675_811338542253393_8503066559505500754_n

Loading...

Како што јавуваат медиумите, накратко по обидот да влезат во владата, дошло до инцидент кој наводно бил предизвикан откако 4-5 полицајци се нафрлиле врз братот на Мартин Нешковски, Александар, кој се обидел да влезе внатре и да разговара со некој од владата, но бил спречен.

Демонстрантите според медиумите извикуваат „Убијци, убијци“, а доаѓаат и уште луѓе.

На протестот е присутно и семејството на Мартин Нешковски.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *