По објавување на прислушкуваните разговори во врска со убиството на Мартин Нешкоски од страна на СДСМ и повик за протест пред Владата во 18 часот, неколку стотини граѓани се собраа пред вратите на Владата, која е блокирана од кордон на СЕБР.
Loading...
Како што јавуваат медиумите, накратко по обидот да влезат во владата, дошло до инцидент кој наводно бил предизвикан откако 4-5 полицајци се нафрлиле врз братот на Мартин Нешковски, Александар, кој се обидел да влезе внатре и да разговара со некој од владата, но бил спречен.
Демонстрантите според медиумите извикуваат „Убијци, убијци“, а доаѓаат и уште луѓе.
На протестот е присутно и семејството на Мартин Нешковски.