Медицински хеликоптер се урна кај Нагасаки, загинаа три лица

Сподели со своите пријатели

Јапонските власти денеска потврдија дека уште две лица загинале откако медицински хеликоптер се урна во морето во близина на префектурата Нагасаки, со што вкупниот број на жртви се искачи на три.

Loading...

Според крајбрежната стража, од вкупно шест лица во хеликоптерот, загинале 86-годишна пациентка, 68-годишен маж кој ја придружувал и 34-годишен лекар, пренесува Kyodo.

Локалните власти веруваат дека хеликоптерот се обидел да изврши принудно слетување откако го напуштил аеродромот на островот Цушима околу 13:30 часот по локално време во неделата.

Хеликоптерот бил во сопственост на приватна авиокомпанија која соопшти дека 66-годишниот пилот бил ветеран со 3.692 часа лет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Берзите предвидуваат уште еден „пазарен масакр“ поради воведувањето царини

Крајбрежната стража презеде мерки за да спречи потонувањето на хеликоптерот во морето, обидувајќи се да ја утврди точната причина за несреќата.

Околу 17:05 часот, патролен брод на крајбрежната стража го пронашол хеликоптерот превртен на вода и спасил три лица кои биле живи и свесни.

И другите тројца патници беа спасени, но подоцна беше потврдена смртта.