Медот е природен засладувач и моќен извор на антиоксиданси, па неговата секојдневна употреба го намалува бројот на слободни радикали во крвотокот.
Медот исто така е одличен извор на минерали како што се бакарот, силициумот, манданот, калциумот и калиумот, како и витамините Б6 и Б12.
Оние кои сакаат да ослабнат може да го користат медот како природен засладувач. Тој содржи 22 аминокиселини и разни минерали кои му се потребни на организмот и го снабдува телото со хранливи состојки, а го намалува апетитот.
Медот содржи фруктоза, а не гликоза, па му дава на телото одржлива енергија која трае подолго време.
Доколку сакате да ја зголемите енергијата, измешајте една лажичка мед со малку цимет и една чаша вода. По една недела редовно конзумирање ќе почувствувате дека имате повеќе енергија. Додадете и малку луто пиперче кое ќе помогне да ви се подобри циркулацијата.
Верувале или не помага дури и при мамурлак. Доколку сте мамурни, каснете мед намачкан на бисквити или двопек. Фруктозата од медот ќе помогне побрзо да се исфрли алкохолот од вашето тело, а калциумот ќе ви помогне полесно да се справите со негативните ефекти од алкохолот.