Мажите родени во знакот Бик се познати како најдобри љубoвници на Зодијакот. Тие се многу сензуални, страсни, нежни, креативни во кревет… Кога водат љубов, не им се брза, сè прават полека и со посебно задоволство.
Со нив партнерот се чувствува како центар на светот, бидејќи Бикот ќе направи се за да ја усреќи. Уште поважно му е нејзиното задоволство од неговото. Задоволниот партнер го исполнува со чувство на гордост.
Уште неколку причини зошто биковите се најдобри љубовници:
Тие се многу мажествени – пукаат од тестостерон, а жените тоа го знаат – инстинктивно.
Имаат силен љубовен инстинкт и потреба од физички допир.
Тие се ненаситни во кревет. Толку многу уживаат во водење љубов што се најсреќни ако тоа трае со часови.
Како и во храната, Биковите полека и со посебно задоволство уживаат и кај жените.
Никогаш не им е досадно додека водат љубов – тие се целосно непредвидливи.