Маж загина од удар на гром, а неговата сопруга е тешко повредена

Сподели со своите пријатели

Прилепчанецот Гоце Трајкоски (55) го загуби животот од удар на гром кој се случил вчера околу 16 часот во месноста Долно Садово во атарот на селото Беровци. Во кобниот момент Трајкоски бил во нива каде што со сопругата нижеле тутун. 

Loading...

Според службата за итната медицинска помош најверојатно гормот бил привлечен од машината за нижење тутун. Силното електрично празнење предизвикало тешки изгореници на левиот колк и дел од стомакот, а на стопалата од нозете имал по 5 до 6 излезни рани.

Според дежурниот јавен обвинител, сопругата на починатиот, поради преживеан силен стрес веднаш е хоспитализирана во нервното одделение од прилепската болница.

Таа нема физичка повреда, но поради преживеаниот стрес се наоѓа на одделот за нервни болести и набрзо според медицинските стручњаци ќе биде пуштена дома“, изјавуваат од прилепското Основно Јавно обвинителство.