Маж со прекар „првата фризура на Србија“ е уапсен во Србија поради проституција

Сподели со своите пријатели

Новинарите на Телеграф биле во борделот на Љубиша Васиќ, кого го нарекуваат „прва фризура на Србија“. Васиќ бил уапсен пред два дена, а полицијата упаднала во неговиот локал токму во моментот кога во тајните соби се одржувале оргии.

Loading...

„Обвинителството и полицијата добија дојава дека Васиќ, кој веќе неколку пати бил апсен поради проституција, повторно чува девојки во својот локал. Полицијата чекала да ги фати на дело. Токму тоа се случило. Дури и пронашол таен премин кој води до тие простории. Собите за оргија се горе“, изјави за Телеграф лице блиско до истрагата за случајот.

Јоца Мајмун му бил помошник

Заедно со Васиќ, уапсен е и келнер, кој всушност е негов помошник, а се вика Јовица Јеремиќ, познат по прекарот Јоца Мајмун, кој има 62 години.

Осомничените со кривична пријава се изведени пред Вишиот јавен обвинител во Смедерево, на чиј предлог Вишиот суд во Смедерево им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Борделот наречен „Нина со сместување“ се наоѓа во селото Михајловац кај Смедерево, а како што дознале, цените на тајните соби во кои девојките чекале муштерии се движеле од 4.000 до 7.000 динари, пишува Телеграф.

Според неофицијални информации, Васиќ и Јеремиќ ја негирале вината.