Педесет и четиригодишник од Младо Нагоричане бил приведен вчера по пријава дека со остар предмет се заканувал на сопругата и синот.
– На 06.05.2026 во 12:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.Д.(54) од с.Младо Нагоричане затоа што со остар предмет се заканувал кон неговата 46 – годишна сопруга и нивниот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

