Маск за украинската контраофанзива: Ги чека загуба на повеќе територија

Сподели со своите пријатели

Неуспехот на контраофанзивата на Вооружените сили на Украина може да доведе до тоа Киев да загуби значителен дел од територијата, напиша сопственикот на „Твитер“ Илон Маск на социјалните мрежи.

Loading...

„Во случај украинската контраофанзива да биде неуспешна и да претрпи големи загуби, руските единици би можеле да освојат уште повеќе територии за време на контраофанзивата“, тврди тој.

Маск смета дека токму тој факт ги спречува вооружените сили на Украина да спроведат контраофанзива од големи размери.

Тој смета дека Русија би ја добила војната поради значителна супериорност во бројот на војници.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, украинската армија од 4 јуни прави неуспешни офанзивни обиди.

На 22 јуни, секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев изјави дека украинската армија загубила повеќе од 13.000 војници од почетокот на контраофанзивата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.