Маск: Помина врвот на инфлацијата, очекувам блага рецесија

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Tesla, мултимилијардерот Илон Маск, рече дека гледа знаци дека глобалната економија го минала врвот на „највисоката инфлација“ и очекува блага рецесија која би можела да трае 18 месеци.

Loading...

Во обраќањето на годишното собрание на акционерите на компанијата што произведува електрични возила, Маск рече дека трошоците на „Тесла“ за набавка на суровини и компоненти ќе бидат во надолен тренд во следните шест месеци, наведува „Блумберг“.

„Тој тренд е надолен, што сугерира дека го поминавме врвот на инфлацијата. Мислам дека инфлацијата брзо ќе се намали“ во одреден момент во иднината, рече Маск во фабриката и седиштето на Tesla во Остин.

Централните банки започнаа со агресивно заострување на политиките поради притисокот на инфлацијата врз потрошувачите и деловните резултати на компаниите.

Потрошувачките цени во САД се зголемија за 9,1 отсто во јуни на годишна основа, а претставниците на Федералните резерви велат дека растот на цените допрва треба да забави.

Следните податоци за инфлацијата треба да бидат објавени на 10 август.

„Имаме некаков вид на увид во тоа каде ќе одат цените со текот на времето“, рече Маск, наведувајќи ја потребата на Тесла да купува суровини често месеци однапред пред да почне да ги користи.

Според него, „интересното нешто што сега го забележуваме е дека цените на повеќето суровини што влегуваат во производството на Тесла – не сите, туку повеќе од половината – имаат надолен тренд во период од шест месеци“.

Loading...

Акциите на „Тесла“ денеска потонаа за 0,8 отсто на 918,70 долари на Њујоршката берза до 6:30 часот, пред почетокот на редовното тргување.

Иако Тесла има глобален увид во цените на влезните производи, Маск предупреди дека правењето макроекономски прогнози е „рецепт за катастрофа“ и рече дека неговите коментари се исто така „нагаѓања“ и „целосни шпекулации“, додавајќи дека трендовите може да се променат.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.