Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас денеска ги осуди изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за францускиот претседател Емануел Макрон како најлоши досега.
Loading...
На прес-конференцијата што ја одржа заедно со претседателот на Агенцијата за атомска енергија, Мас рече дека германската Влада е солидарна со својот европски сосед во борбата против исламскиот екстремизам.
Ердоган изминатиот викенд го критикуваше претседателот на Франција за неговиот однос кон муслиманите, велејќи дека тој се „изгубил“.
Јасмина Тасевска