Мартинијан ќе настапи на концертот посветен на Тоше Проески

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот пејач Мартинија Кириловски ќе настапи на концертот посветен на Тоше Проески кој годинава ќе се одржи во Крушево на 5 отомври.

Loading...

„Со љубов за Тоше“ е насловен настанот кој ќе одбележи 15 години од неговиот последен коцерт на Градскиот стадион во Скопје.

Освен Мартинијан, безвременските хитови на Тоше ќе ги испејат и: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.

Тие ќе настапат во придружба на Камерен оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на олдтајмери утре во Куманово

Никола Ивановски