Мароко: Полицијата заплени речиси 1,5 тони кокаин скриен во банани

Сподели со своите пријатели

Мароканската полиција заплени 1.488 тони кокаин скриен во кутии со банани во пристаништето Тангер, на северот на земјата.

Loading...

Дрогата била пронајдена во контејнер, на брод кој од Јужна Америка пловел до Турција под знаме на европска земја, се наведува во соопштението на полицијата, пренесува Ројтерс.

Акцијата е спроведена во координација со шпанските безбедносни служби, соопшти мароканската полиција, истакнувајќи дека истрагата е во тек.