Малолетник од скопско украл мотор на кумановец

Сподели со своите пријатели

Седумнаесетгодишник од скопско Блаце бил приведен откако украл мотор на 52-годишен кумановец.

Loading...

– На 07.05.2025 во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од с.Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: СДСМ повторно ја презема улогата на кочничар на економскиот развој на Македонија