Малолетник од Куманово тешко повреден, 15-годишник во Виница го удрил со мотор

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово со тешки повреди завршил на скопските клиники откако 15-годишник од виничко вчера го удрил со мотор.

Loading...

– На 01.05.2025 во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведена кумановка која со малолетно дете питачела на Табановце

Никола Ивановски