Пет лица од Тетово и малолетник од Куманово биле приведени под сомнение дека краделе предмети на ЈП „Македонија пат“
– Вчера (12 март) околу 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово – Скопје, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“.
Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово.
– По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.
Никола Ивановски