Малолетници од Куманово ограбени во Скопје под закана со нож

Сподели со своите пријатели

Под закана со остар предмет, двајца малолетници биле ограбени на автобуска постојка во Скопје среде бел ден.

Loading...

– На 13.04.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Куманово пријавил дека во периодот од 14.00 до 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет од неговиот 17-годишен син и нивен 15-годишен роднина одзело пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово на вториот владин повик ќе аплицира со 11 проекти