Малолетнички од Куманово нападнале и ограбиле врснички

Сподели со своите пријатели

Кумановка вчера пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка и нејзина другарка биле физички нападнати и ограбени од нивни врснички.

Loading...

– На 25.02.2025 во 14.30 часот во СВР Куманово, Е.Н.(36) од Куманово пријавила дека на улицата „Миле Кипра“ во Куманово, нејзината малолетна ќерка и нејзина другарка биле физички нападнати од две малолетнички, кои им одзеле и пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради недоразбирање во сообраќај, таксист од Куманово натепан од две лица