Малолетно девојче од кумановското село Табановце вчера излетала на локалниот пат додека управувала со мопед, при што е тешко повредена.
Loading...
– На 04.07.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Табановце, мопед „педа“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од малолетничка од истото село, излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што појаснуваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски