Малави: Нилски коњ преврте чамец, 23 лица исчезнаа во водата

Сподели со своите пријатели

Едно дете загина, а 23 лица се водат како исчезнати кога чамец со повеќе од 30 селани преку реката Шире во Малави бил нападнат од нилски коњ, при што бродот се превртел.

Loading...

Портпаролката на полицијата Агнес Залакома изјави за Си-Ен-Ен дека инцидентот се случил во понеделникот и дека 23 од 37 патници се стравува дека се удавиле бидејќи реката е полна со крокодили и нилски коњи.

„Спасувачите успеаја да извлечат 13 лица, но 23 се водат како исчезнати, додека телото на едногодишно дете е пронајдено“, рече Залакома.

Спасувачите ја продолжија потрагата по исчезнатите. Залакома рече дека секогаш постои опасност при минување на таа река и дека инцидентите се чести.

„Опасно е, бидејќи реката е плитка, а има и крокодили кои ги напаѓаат луѓето, додека нилските коњи предизвикуваат такви инциденти“, додаде таа.