Максим Димитриевски: Завршена е новата фасада во СОУ Перо Наков, го враќаме сјајот на училиштата во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска информираше дека е завршено поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада на матичниот училишен објект на СОУ „Перо Наков”, како и замената на старите прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци на објектот.  Во училиштето во моментот настава посетуваат над 800 ученици, а почетоците на училиштето, според некои извори датираат уште од крајот на минатиот век. Само во изминатите година дена целосно се реконструираше СОУ Гимназија „Гоце Делчев”, а исто така беше комплетно завршена реконструкцијата на ОСТУ „Наце Буѓони”, со што трите најголеми средни училишта веќе добија комплетно нов лик во Куманово.

Димитриевски во својата објава на неговата официјална Фејсбук фан страна ги потенцираше сите проекти и активности реализирани во оваа училиште од почетокот на неговиот прв мандат, а истата ја пренесуваме во целост во продолжение.

 

ГО ВРАЌАМЕ СЈАЈОТ НА УЧИЛИШТАТА ВО КУМАНОВО!
Завршена е новата енергетско ефикасна фасада на СОУ „Перо Наков”.
Извршена е комплетна замена на старите прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци во СОУ „Перо Наков”.
ПРЕТХОДНО:
ВО 2022 ГОДИНА
  • Извршено е партерно уредување и поставена е нова ограда на училишниот двор на СОУ „Перо Наков”.
  • Набавени се нови 200 столчиња и 100 клупи, како и 97 компјутери и 7 смарт табли за опремување и модернизација на кабинетите по информатика во матичниот и дисперзираниот објект на училиштето СОУ „Перо Наков”.
  • Поставен е нов систем за греење во спортска сала на СОУ „Перо Наков”.
ВО 2021 ГОДИНА
  • Поставување на 2 рампи за ученици со попреченост во СОУ „Перо Наков“.
  • Набавка на 30 смарт табли и 1 смарт телевизор во СОУ „Перо Наков“.
  • Лакирање и репарација на паркет во спортската сала во главниот објект на училиштето СОУ „Перо Наков“.
ВО 2020 ГОДИНА
  • Изградба на ново мултиспорт игралиште со тартан подлога, голови и кошеви во СОУ „Перо Наков”.
  • Целосна реконструкција на 2 училници со заменети прозорци, подови, систем за греење, демонтажа на ламперија и спуштени плафони во СОУ „Перо Наков“.
  • Набавка на 20 персонални компјутери за потребите на СОУ „Перо Наков“.
  • Санација на санитарни јазли во објектот на училиштето СОУ „Перо Наков“ каде учат ученици на албански наставен јазик.
  • Санација на санитарни јазли во објектот на училиштето СОУ „Перо Наков“ каде учат ученици на македонски наставен јазик.
  • Набавка на нови радијатори за објектот на училиштето СОУ „Перо Наков“ каде учат ученици на албански наставен јазик.
  • Реконструкција на подови во 5 училници во СОУ „Перо Наков“.
  • Набавка на 15 принтери за потребите на училиштето СОУ „Перо Наков“.
  • Набавка на 10 компјутери со софтвер за сметководство преку МОН во СОУ „Перо Наков“.
  • Набавка на 87 ученички столчиња во СОУ „Перо Наков“.
  • Замена на старите радијатори со нови во 3 училници во СОУ „Перо Наков“.
  • Набавка на нагледни средства за кабинетска настава и спортски активности во СОУ „Перо Наков“.
ВО 2019 ГОДИНА
  • Реновирање на 14 училници во СОУ „Перо Наков“.
  • Замена на старите прозорци со нови ПВЦ прозорци во 2 училници и 4 канцеларии во СОУ „Перо Наков“.
  • Санација на балкони во СОУ „Перо Наков“ во објектот на училиштето каде што се одржува настава на албански наставен јазик, лоциран во с. Бедиње.
  • Замена на старите прозорци во СОУ „Перо Наков“ со нови ПВЦ прозорци во 14 училници, преку проект финансиран од страна на УСАИД и Општина Куманово.
  • Набавка на 3 интерактивни смарт табли, професионален принтер и копир за потребите на СОУ „Перо Наков“.
  • Поставување на ЛЕД рефлектори во спортската сала на главниот објект од училиштето СОУ „Перо Наков“.
ВО 2018 ГОДИНА
  • Изградба на нова училишна спортска сала во објектот на училиштето СОУ „Перо Наков“ каде учат ученици на албански наставен јазик, проект во реализација на МОН во соработка со Општина Куманово.
  • Изработка на нова кујна која е целосно опремена, добиени се 2 разбои, 2 машини за везење и машина за шиење, заменети се 3 ПВЦ прозорци, 3 ПВЦ врати и шалтерски прозорец, набавени се 2 катедри, 2 канцелариски столови, 50 столчиња и поставен е ламинат од 170м2 преку ИПА проект за социјално претприемништво во СОУ „Перо Наков“.
  • Набавка на 30 училишни клупи, 60 училишни столчиња, 4 канцелариски столчиња, 1 биро и 8 табли преку МОН во СОУ „Перо Наков“.
  • Замена на старите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци во 3 училници во СОУ „Перо Наков“.
ДОПОЛНИТЕЛНО
Беше изграден паркинг во непосредна близина на училиштето, уредена беше пристапната патека, беа поставени железни столпчиња на тротоарите како и средства за забавување на сообраќајот за поголема безбедност на учениците, пешаците и другите учесници во сообраќајот.