Макрон: Трајниот мир мора да биде придружен со силни безбедносни гаранции за Украинците

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека „трајниот“ мир во Украина мора да биде придружен со „силни и веродостојни безбедносни гаранции“, по телефонските разговори со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски.

Loading...

„Сакаме цврст и траен мир во Украина. За таа цел, Русија мора да ја прекине својата агресија и тоа мора да биде придружено со силни и веродостојни безбедносни гаранции за Украинците“, напиша Макрон на мрежата Х по состанокот на европските лидери во Париз.

„Во спротивно, постои ризик примирјето да заврши како договорите од Минск“, додаде Макрон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Математика во Германија: Демохристијаните можат да формираат влада со социјалдемократите

Тие договори за прекин на огнот од 2014 и 2015 година не ги прекинаа трајно борбите меѓу украинската војска и сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина.