Франција е подготвена за соработка со своите парнери за воедување на меѓународни сакнции против одговорните за убиството на судискиот новинар Џамал Кашоги, изјавил францускиот претседател Емануел Макрон во телефонскиот разговор со саудискиот крал Салман.
Како што соопштува Елисејската палата, Макрон побарал од кралот да ги расветли сите околности кои довеле до убиството на новинарот.
Макрон го потсетил Салман дека за Франција еден до главните приоритети е слободата на изразување, медиумите и граѓанските слободи.
Според неговите зборови Франција нема да се мисли за соработка со своите парнери да воведе меѓународни санкции против виновните за убиството, додава Елисејската палата.
Кашоги, критичар на судиското кралско семејство кој живеел во САД, исчезна на 2. октомври откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, каде дошол по документи за женидба.
Ријад во првата реакција соопшти дека Кашоги го напуштил конзулатот, за да подоцна под меѓународен притисок наведе дека тој го загубил животот во тепачка во конзулатот. Турските медиуми претходно пренесоа дека новинарот е мачен пред смртта.