Макрон го назначи новиот премиер на Франција

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот го назначи Мишел Барние за нов премиер на земјата, соопшти кабинетот на претседателството.

Loading...

Барние (73) ги водеше преговорите на ЕУ со Велика Британија за нејзиното излегување од блокот од 2016-2021 година.

Пред тоа, конзервативниот политичар работеше во различни француски влади, а беше и еврокомесар.

Долгоочекуваното соопштение доаѓа приближно два месеци откако ниту една партија не освои целосно мнозинство на предвремените избори, што доведе до ќор-сокак разговори за тоа кој треба да ја води владата.