Макрон ги повика Европејците да го отфрлат „среќниот вазализам“ кон Америка

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европејците да го отфрлат „среќниот вазализам“ кон САД, особено во светло на непредвидливоста на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како во однос на ситуацијата во Украина, така и во однос на прашањето за царините.

Loading...

За време на неговата посета на Лисабон, Макрон ја повика Европа да биде „пообединета и посилна од кога било“ и да ја препознае важноста на ризикот, амбицијата и моќта во соочувањето со предизвиците, пишува францускиот БФМ.

„Европејците мора да бидат обединети и посилни од кога било“, рече Макрон, додавајќи дека тоа бара донесување длабоки стратешки одлуки, особено во технолошките, индустриските и одбранбените прашања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп и Зеленски во Вашингтон ќе потпишат договор за ретки минерали

Тој исто така нагласи дека одговорот на овие предизвици не е „покорност“, туку проактивно делување.

За време на неговиот престој во Португалија, прво вакво патување на француски претседател по повеќе од 25 години, Макрон ја истакна важноста на француско-португалските односи, кои, според него, претставуваат основа за посилна Европа.

Потпишување на неколку договори меѓу Франција и Португалија, вклучително и „договор за пријателство и соработка“.

Во контекст на меѓународната политика, Макрон ја пофали посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, опишувајќи ја како „добра работа“ за Украина, која се бори за суверенитет и безбедност, пренесува Танјуг.