Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека денеска ќе одржи нова средба со лидерите на „неколку европски и неевропски земји“.
„Целта е да разговараме со сите дваесет и седум (членки на ЕУ) до крајот на неделата“, изјави Макрон за француската телевизија RTL, откако во понеделникот во Париз собра десетина лидери од клучните европски земји, Европската унија и НАТО.
Макрон рече дека Париз во моментов не се подготвува да испрати свои копнени трупи во Украина, но истакна дека Франција размислува да испрати воени експерти или ограничен контингент надвор од зоната на конфликтот, пренесува Танјуг.
„Франција не се подготвува денеска да испрати борбени копнени војници на линијата на фронтот. Меѓу решенијата за обезбедување безбедносни гаранции за Украина е можното испраќање експерти, па дури и војници во ограничен број, надвор од која било зона на конфликт, за да ги поддржат Украинците и да покажат солидарност“, рече Макрон.
Тој додаде дека Париз го поддржува повторното вооружување на вооружените сили на Украина, што треба да стане дел од долгорочната безбедносна стратегија.
Францускиот лидер ја спомена и можноста „да се одлучи, во рамките на преговорите, да се спроведе мировна операција под мандат на ОН, која би се одвивала по линијата на фронтот“.