Макрон: Франција и Германија работат на 30-дневен прекин на огнот во Украина

Сподели со своите пријатели

Франција и Германија се во тесен контакт во врска со нивната непоколеблива поддршка за Украина и нивната подготвеност да продолжат да работат на 30-дневниот прекин на огнот, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.

Loading...

– Потребно е да се одговори само на едно прашање – дали Русија е подготвена за прекин на огнот во траење од најмалку 30 дена, за да може да изгради солидно и трајно примирје? Дали рускиот претседател конечно ќе си остане верен на зборот, особено на оној што го даде за време на разговорот со американската администрација – рече Мерц на заедничката прес-конференција со новиот германски канцелар Фридрих Мерц во Елисејската палата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц ги предупреди САД: „Не мешајте се во внатрешните работи на Германија“

Макрон рече дека Франција и Германија „ќе бидат таму“ за да го следат 30-дневниот прекин на огнот во Украина, откако ќе биде постигнат, „и градењето траен и цврст мир“.

– И ние (Франција и Германија) сме во близок контакт – додаде Макрон.

Зборувајќи за хуманитарната ситуација во Газа, францускиот претседател рече дека таа достигнала „критични“ нивоа невидени во минатото и дека е итно да се дозволи дистрибуција на хуманитарна помош.

Макрон, исто така, рече дека иако Израел има право да се бори против терористичката организација, е „неприфатливо“ да дејствува без да почитува никакви правила.

Израел во понеделник објави планови да ја преземе дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа, како дел од проширените операции за кои вели дека би можеле да вклучуваат освојување на целиот Појас Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брисел го обвинува Пекинг: Кина е сè уште двигател на руската војна во Украина