Македонското МНР со осуда за сајбер нападот од Иран врз Алабанија

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува сајбер-нападот од 15 јули 2022 година извршен против Владата на Република Албанија од страна на Исламска Република Иран.

Loading...

Северна Македонија се солидаризира со Владата на Албанија, ги поддржува преземените мерки во тој контекст и повикува на одговорност за извршителите на ваквите малигни дестабилизирачки активности кои ја загрозуваат не само националната безбедност и сигурност на Албанија, но имаат и пошироки регионални и меѓународни импликации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ваквите деструктивни напади претставуваат флагрантно кршење на нормите на меѓународното право, обид за поткопување на суверенитетот на Албанија, како и директна закана за безбедноста на нејзините граѓани и институции.

Со цел заштита на своите интереси, но и интересите на секоја поединечна земја-членка на НАТО и нејзините сојузници, остануваме единствени во рамките на Алијансата во справувањето со сите предизвици кои го загрозуваат меѓународниот поредок и безбедност.