Незадоволни возачи на товарни возила од Македонија, рано утринава на преминот Батровци го блокирале патничниот сообраќај за влез во Хрватска, јавува известувачот на Танјуг од самото место на настанот.
Loading...
Како што додава тој, три камиони кои превезувале расиплива стока ги паркирале своите транспортни возила во граничниот меѓупростор помеѓу Батровци и Бајаково, незадоволни од повеќедневниот престој на границата поради што нивната стока почнала делумно да се расипува.
Блокадите доаѓаат како реакција за хаосот на границата Србија – Хрватска откако првин Хрватска а потоа и Србија забрани влез на хрватски товарни камиони на заедничката граница како одговор на хрватските гранични рестрикции со цел запирање на бранот мигранти и бегалци.