Македонски планинари загинаа на Кајмакчалан, нивните тела пронајдени во провалија од 30 метри (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Грчката спасувачка служба пронашла тела на двајца млади планинари 27-годишната Калина Велевска и 35-годишниот Александар Миновски од Скопје,  кои исчезнале на Кајмакчалан, највисокиот врв на планината Ниџе.

Пронајдени се во една клисура длабока 30 метри, на грчко македонската граница. Тие биле дел од групата 50 планинари од Скопје кои се упатиле кон Грција.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека случајот е пријавен во 15 часот по што биле активирани спасувачките служби.

– Две лица исчезнаа на стазата на планината Ниџе од грчка страна. Набргу по пријавата, телефоните на исчезнатите планинари се лоцирани на 100 метри на територијата на Македонија, соопштија од грчкото министерство.

Објавена е и видео снимка од извлекувањето на нивните тела.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца убиени во престрелка во предградие на Атина

Leave a Reply