Оваа среда ќе биде еден од „пожешките“ забележани мајски денови низ годините наназад, јавува Метео Про.
Loading...
Иако нема изгледи да бидат „бутнати“ мајските рекорди на апсолутна максимална температура на воздухот, сепак оваа среда ќе се вброи меѓу потоплите мајски денови во последниве петнаесетина години. Максималната температура во поголем дел од земјава ќе има вредност околу 30°С, а долж Повардарие таа ќе биде во дијапазонот од 33°С до 35°С.
На повисоките места ќе биде малку посвежо, но и таму максималната температура ќе има вредности близу 30°С.
Во однос на времето, се очекува тивок и сончев ден. Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.