Македонец уапсен при обид да шверцува 2,8 килограми хероин (видео)

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ОЈО Велес поднесе кривична пријава против Е.Р.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“.

Loading...

Имено на 27-ми овој месец на граничниот премин „Богородица“ при обид за влез на територијата на Р.Македонија од Р.Грција, се пријавил Е.Р. со ПМВ марка „Мерцедес МЛ“ со скопски регистарски ознаки. Од страна на полициските службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Гранична контрола „Богородица“ и царинските службеници од ГП „Богородица“, при зајакната контрола на државната граница било селектирано погоренаведеното возило со цел над истото да биде извршен царински и полициски преглед и претрес.

Притоа од извршениот претрес во возилото од страна на царинските службеници, под менувачот пронајден е специјално направен бункер во редукторот за задните погонски тркала на возилото. При извршениот детален претрес на возилото биле пронајдени: 12 полиетиленски пакувања со непозната прашкаста материја на кои било испишано со црн и плав фломастер буквата “В“; едно искинато полиетиленско пакување со непозната прашкаста материја собрана од внатрешноста на редукторот; метална плочка; дел од менувач со остатоци од прашкастата материја; исечен дел од лименка со остатоци од прашкаста материја; празно полиетиленско ќесе со остатоци од прашкаста материја; како и хартиена кеса од правосмукалка со остатоци од прашкаста материја.

По ова известено е ОЈО Велес, од чија страна е издадена Наредба за вештачење на предметниот материјал, доставен до ОКТИВ при МВР на РМ. Од извршеното вештачење утврдено е дека прашкестата материја од предметните 12 политенски пакувања претставува опојна дрога хероин со вкупно нето маса од 2789,5 грама хероин чија што вредност на мало е проценета на над 200.000 евра.