Мајмунски сипаници остануваат глобална здравствена криза, вели СЗО

Сподели со своите пријатели

Епидемијата на мајмунски сипаници продолжува да претставува глобална здравствена криза, што е највисоко ниво на предупредување на Светската здравствена организација (СЗО), соопшти денеска Кризниот комитет на агенцијата на ОН.

Означувањето на СЗО за „Јавно здравствена криза од меѓународен интерес (PHEIC)“ е дизајнирано да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка за споделување вакцини и третман.

СЗО во јули објави дека брзото ширење на мајмунските сипаници е глобална здравствена криза.

Кои се симптомите?

Мајмунските сипаници обично започнуваат со симптоми слични на грип како треска, силна главоболка и отечени лимфни јазли.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе од 900 туристи заглавени во Мачу Пикчу

По еден до три дена се јавува осип на лицето и телото, кој најпрво се манифестира во вид на рамни лезии, а завршува во вид на гнојни јазли.

Симптомите може да траат две до четири недели.

Мајмунските сипаници може да бидат смртоносни, но според СЗО, стапката на смртност варира во голема мера од сој до вид, од речиси нула до дури 11 проценти.

Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.