Мајмун во Индија уби 10-годишно момче

Сподели со своите пријатели

Мајмун безмилосно нападнал и убил момче во близина на храм во Индија.

Loading...

Група мајмуни го нападнале 10-годишниот Дипак Такор во вторникот додека тој и неговите пријатели си играле во близина на храм во Салки, мало село во државата Гуџарат.

Локалните медиуми јавуваат дека мајмун му ги откорнал цревата. Момчето било пренесено во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

„Мајмунот му ги откинал цревата. Однесен е во болница каде лекарите констатирале смрт“, изјавил функционерот за локалниот весник, цитиран од Дејли Мејл.

„Во селото има голема група лангури“

Властите велат дека ова е трет напад на мајмуни оваа недела.

Шумскиот службеник Вишал Чаудари изјави дека неговиот тим веќе некое време се обидува да ги фати животните.

„Во селото има голема група лангури. Меѓу нив има четворица возрасни кои напаѓаат луѓе“, рече тој.

Loading...

Лангурите вообичаено не се агресивни, иако научниците забележале дека групите главно мажи можат да станат агресивни додека поединците на овој начин ја покажуваат својата доминација.